Францускиот багет стана дел од светското културно наследство на УНЕСКО

Францускиот багет стана дел од светското културно наследство на УНЕСКО

пред 1 година

Багет, е познатиот француски леб кој е додаден на листата на нематеријално културно наследство на Обединетите нации. Багет е долгнавесен традиционален француски леб направен само од брашно, вода, сол и квасец.

dobivaj vesti na viber

Одлуката ја донесоа експерти од Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) кои се состанаа оваа недела во Мароко.

Оваа година, под претседателство на Мароко, Комитетот за нематеријално културно наследство на УНЕСКО разгледува 56 номинации за вклучување во списокот на нематеријално наследство од 28 ноември до 3 декември.

Француското Министерство за култура претходно предупреди на постојан пад на бројот на традиционални пекари. Во последните 50 години, секоја година се затвораат околу 400 пекари.

Шефот на УНЕСКО, Одри Азуле, рече дека со оваа одлука се оддава почит не само на францускиот леб, туку и на занаетчиските пекари.

„Важно е овие занаетчиски знаења и општествени практики да продолжат да постојат во иднина“, додаде Азуле, поранешен француски министер за култура.

Share
Scroll to Top