Фризерка од Прилеп направи портрет од коса со ликот на Есма: Таа жена е гордост што ја имавме

Фризерка од Прилеп направи портрет од коса со ликот на Есма: Таа жена е гордост што ја имавме

пред 2 години

Познатата фризерка од Прилеп Светлана Зуламоска од коса го изработи ликот на кралицата на ромската песна Есма Реџепова -Тодосиевска. Вели дека оваа работа ја исполнува и дека секој лик или дело кои ќе ги направи за неа е нов предизвик. Најновиот лик кој го наслика од коса е карлицата на ромската музика Есма.

„Чест е да се слика Есма бидјќи таа жена е гордост што ја имавме и нема некој кој не ги знае нејзините песни и нема некој кој не заиграл на нејзината музика. Јас ја сакам музиката, ја сакам уметноста и сакам да сликам се што ме инспирира. Есма за мене беше вистинска инспирација“, ни отрива Светлана во разговорот за Репоретр.

Досега ги насликала ликовите Тоше Проески, Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Кире Лазаров, Лила Филиповска, Атиџе Муратова и многу други.

„ Пред да го насликам ликот не користам никакви претходни подготовки како цртање или обележување, туку директно со просејување на косата го сликам ликот“, раскажува Зуламоска за „Репоертр“. Таа вели дека коса за сликање има секогаш оти како фризер работи скоро три децении.

„За изработка на еден лик ми се потребни три часа. Потоа го сликам и снимам портретот и во зависност од тоа дали имаме следниот ден клиенти, портертот останува до моментот кога се почнува со работа во салонот. Често го оставам ликот да го видат луѓето кои доаѓаат во салонот и навистина е интересно со какво воодушевување  реагираат кога ќе го видат ликот кој е преку цел салон со големина повеќе од два метри“, раскажува Светлана.

Таа ни отрива дека оние кои доаѓаат во салонот посакуваат и да им направи сопствен портрет , особено вакви желби најмногу имаат за поесбни прилики , за роденден, едноставно од ќеф, или најчесто кога дечкото сака да ја изненади девојката на таков начин.

А.Георгиев

Share
Scroll to Top