Фудбалерот Килијан Мбапе веќе неколку месеци е во врска со познатата манекенка Инес Рау која во светот е позната како првата трансродова манекенка која се појавила на насловната страница на „Плејбој“.
Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе во медиумите беше присутен поради дилемата на дали ќе ја продолжи кариерата во Реал или ќе остане во ПСЖ.
Како што пренесуваат странските медиуми, француската ѕвезда веќе неколку месеци ужива во нова љубовна врска, а негова нова избраничка е Инес Рау. Таа стана популарна во 2017 година како првата трансродова личност која позирала за „Плејбој“. Инес Рау (32) е по потекло од Алжир. Заробена во машко тело, на 16 години решила да го промени полот и да живее како жена.
Идентитетот не го открила до својата 24-та година. Никој не знаеше дека таа е трансродова и живееше како маж до тинејџерските години. Таа е позната и во светот на модата. Соработува со бројни брендови, меѓу кои и „Плејбој“, за кој пред неколку години позираше целосно гола.