Хакиран профилот на Аца Лукас

Хакиран профилот на Аца Лукас

пред 3 години

На една од најголемите музички ѕвезди на балканот Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, му бил хакиран профилот на неговиот „јутјуб“ канал.

Хакерите кои влегле во неговиот профил, го избришале спотот кој тој го снимил со пејачката Марија Шерифовиќ, „Луда глава балканска“, која беше голем хит на сцената и кој за кратко време имаше преку милиони прегледи.

Благодарение на тимот со кој работел Лукас, пејачот успеал да го врати својот спот, но сите прегледи останале избришани.

Колку песната на Лукас и Шерифовиќ остави трага на публиката, покажува фактот, што истата за само десет часа од повторното објавување на официјалниот „јутјуб“ канал на фолк-пејачот, била прегледана повеќе од десет илјади пати.

Share
Scroll to Top