Хали Бери за поранешниот сопруг: Тврдеше дека е зависник од секс, тоа е глупост

Хали Бери за поранешниот сопруг: Тврдеше дека е зависник од секс, тоа е глупост

пред 3 месеци

Актерката Хали Бери сè уште не е подготвена да му прости на поранешниот сопруг Ерик Бенет, пишува „Пејџ сикс“. „Имав сопруг кој тврдеше дека е зависник од секс“, откри актерката во понеделникот за време на една епизода од поткастот Armchair Expert.

„Но, јас не верувам во тие глупости“, рече таа.

Иако актерката не го спомна името на Ерик за време на интервјуто, познато е дека во 2002 година отишол на рехабилитација поради зависност од секс.

Двојката се венча во 2001 година по двегодишна врска, но се раздели во 2003 година.

„Ерик и јас веќе некое време имаме брачни проблеми и се обидувавме да ги решиме работите заедно“, изјави тогаш Бери.

„Сепак, во овој момент чувствувам дека ни треба времето што ќе го поминеме одвоено за да ја преоцениме нашата врска. Ве молиме, почитувајте ја нашата приватност додека минуваме низ ова емотивно време“, додаде таа.

Во медиумите беше објавено дека Бенет ја изневерувал Бери за време на нивната врска поради неговата наводна зависност од секс. Сепак, Бенет, кој сега има 57 години, ги отфрли тврдењата во интервју во 2004 година.

„Јас не сум зависник од секс“, изјави тој за „Еј-би-си њуз“. „Јас сум човек што низ голем број емотивни настани, проблеми и предизвици направи навистина, навистина глупави и болни грешки“, додаде тој.

Инаку, Хали Бери минатата година се разведе и од актерот Оливие Мартинез.

Тие беа во брак од 2013 до 2015 година, кога објавија дека раскинуваат, но официјално се разведоа дури во август минатата година.

Share
Scroll to Top