Хали Бери со ќерка си прави домашна козметика за лице

Хали Бери со ќерка си прави домашна козметика за лице

пред 3 години

Американската глумица Хали Бери во интервју за магазинот „Пипл“ вели дека кожата на лицето ја негува со креми што ги подготвува сама дома. Таа откри дека не сака скапи креми за лице од познати брендови.

Оскаровката откри дека има поинакво хоби од другите – произведува креми и маски за лице, за педикир и за нега на кожата.

„На пример, за длабоко чистење на кожата подготвувам домашна маска од јогурт, мед и неколку капки лимон, поради витаминот Ц. Јас навистина се забавувам со тоа. Уште позабавно е да го правам тоа со мојата ќерка. Таа има само 13 години, па сака да научи сè за домашната козметика. Но, јас сакам да знае дека не е важно само да го покрие лицето со шминка, туку да се негува вистински“, рекла Хали во интервјуто.

Популарната глумица рекла и дека не размислува премногу за својот изглед и повеќе сака луѓето да се фокусираат на неа како на глумица.

Share
Scroll to Top