Хамилтон останува во Мерцедес уште две години за плата од 40 милиони фунти

Хамилтон останува во Мерцедес уште две години за плата од 40 милиони фунти

пред 4 години

Формула 1 возачот Луис Хамилтон го продолжи договорот за соработката со Мерцедес на уште една година. Тој ќе остане во тимот уште две сезони, до 2022 година, и ќе заработи 40 милиони фунти, што е за 5 милиони фунти повеќе од претходниот договор.

Ова ќе биде последен ваков договор во Формула 1, бидејќи по завршувањето на сезоната 2022/23, платите на возачите ќе бидат ограничени.

Луис Хамилтон е во Мерцедес од 2013 година и со овој тим освои шест од своите седум титули во Формула 1.

Мерцедес потврди дека Тото Волф ќе остане шеф на тимот и извршен директор и во наредните три години.

Share
Scroll to Top