Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата девојка Хана Хуљиќ ќе станат родители. Веста ја потврди и самата Хана откако почнаа да кружат гласини дека е бремена, објави Стори.хр
„Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“, изјави Хана за Јутарњи лист. Таа е во 12-тата недела од бременоста.
Петар и Хана моментално се еден од најпопуларните парови на хрватската естрада. Иако и двајцата се трудат да ја одржат максимално својата интимност, сепак тие станаа актуелна тема во медиумите откако се дозна дека се пар. Тие се заедно од изминатава есен, а се знаат уште кога Хана била мала девојче. 14 години постариот Петар е близок пријател и долгогодишен соработник на нејзините родители Тончи и Вјекослава Хуљиќ.
Пред Хана, Грашо имаше 24-годишна врска со пејачката Данијела Мартиновиќ, додека Хана долги години беше со џез-пијанистот Томислав Шошиќ.