Харисон Форд повторно Индијана Џонс

пред 3 години

Холивудскиот глумец Харисон Форд повторно ќе игра во улогата на Индијана Џонс, пренесува Би-би-си. Филмот ќе биде во режија на Џејмс Манголд и ќе биде петтото и последно продолжение во филмскиот серијал на „Дизни“. Премиерата е закажана за 29 јули 2022 година.

Харисон Форд во едно од своите интервју дадени уште во 2013 година изјавил дека за него нема да биде проблем ако еден ден се врати во улогата на авантуристот.

„Видовме дека карактерот се развива и расте одреден временски период и сосема е соодветно и во ред тој повторно да се врати со одличен филм“, изјави тогаш Форд нагласувајќи дека Индијана Џонс не мора да биде толку акционен филм.

 

Share
Scroll to Top