Хари и Меган: Кралското семејство ни љубомореше затоа што подобро ги извршувавме должностите во палатата

Хари и Меган: Кралското семејство ни љубомореше затоа што подобро ги извршувавме должностите во палатата

пред 1 година

Принцот Хари и Меган Маркл во нивниот нов документарец на „Нетфликс“, рекоа дека сите во кралското семејство ги мразеле, затоа што ги извршувале многу подобро должностите во палатата. Двајцата рекоа дека Вилијам, Кејт Мидлтон и кралот Чарлс им биле љубоморни на нивната популарност.

Ги мразеле затоа што им го краделе целото внимание. Двајцата сметаат дека биле многу подобри во извршувањето на кралските должности од другите и дека тоа најмногу ги погодувало сите во палатата. Никој не сакал Меган да ја третираат како ѕвезда. Хари ја спореди Меган и со мајка му принцезата Дајана.

Хари тврди дека покојната Дајана била присилена да си замине од истата причина затоа што била многу нешто многу повеќе од сите во кралското семејство.

Се потсетија и на турнејата во Австралија во 2018 година, кога открија дека ќе станат родители, а која наводно поминала толку добро што сите од палатата биле загрозени од тоа.

Маркл тврди и дека кралското семејство не ја заштитиле кога имала психички проблеми, а мајка ѝ Дориа Рагланд се потсети на моментите кога ќерка ѝ и открила за нејзините депресивни мисли.

 

Share
Scroll to Top