Хари и Меган лажеле за денот на раѓањето на Арчи

Хари и Меган лажеле за денот на раѓањето на Арчи

пред 3 години

Поранешниот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл, лажеле за времето,а можеби и денот на раѓањето на синот Арчи, открива авторот Роберт Лејсли, во неговата книга Battle of Brothers.

Роберт објаснува дека поранешната кралска двојка ја лажеле јавноста и дека некое време ја чувале во тајност веста за породувањето на синот Арчи.

Хари и Меган објавија дека Арчи се родил на 6. мај околу пет часот утрото, а двојката веста ја објавиле околу 14 часот на „Инстаграм“. Сепак Роберт верува дека двајцата ја криеле веста за времето и денот на раѓањето на Арчи и дека имале добра причина зошто го направиле тоа.

Според него младата брачна двојка не сакале камерите и новинарите, да биде првото нешто што ќе го види кралското бебе, како што тоа беше случај со неговата мајка, починатата принцеза Дајана, која загина во сообраќајка токму бегајќи од репортерите.

Од таа причина, пред неколку часа, тие ја лажеле јавноста за точното време и датумот на раѓањето на Арчи. Јавноста мислела дека Меган е бремена и во времето кога таа била во семејниот дом со родениот син, пишува Роберт.

Арчи Харисон Виндѕор, е првото дете на Хари и Меган. За бременоста на Меган во јавноста се ширеа голем број контроверзности, од самата бременост за која многумина и денес тврдат дека била лажна, па се до моментот кога тој стигнал на свет со помош на сурогат мајка.

 

Share
Scroll to Top