Хари и Меган останаа без резиденцијата во Велика Британија

Хари и Меган останаа без резиденцијата во Велика Британија

пред 3 години

Меган Маркл и поранешниот принц Хари и службено останаа без својата резиденција која им беше идеален дом и во која вложија многу пари во Велика Британија, пренесуваат светските медиуми.

Двајцата се откажаа на почетокот на годината од своите кралски титули и должности и одлучија да живеат надвор од земјата и без традиционалните обврски што се обврзувачки за монархијата.

Со нивното заминување од земјата, Фрогмор колиџ сега е доделен на една од братучетките на Хари, принцезата Евегенија, која чека бебе со својот сопруг Џек Бруксбанк.

Медиумите пренесуваат дека сите работи на Хари и Меган биле изнесени во ноќните часови и во тајност им се испратени на Меган и Хари во Калифорнија.

Фрогмор колиџ на хартија ќе остане на име на Хари, но шансите да се вратат со Меган во резиденцијата се речиси сведени на нула.

Нивниот дом сега е во САД, а за време на посетата на Велика Британија, Хари и Меган ќе мора да бидат на друга адреса.

 

 

 

Share
Scroll to Top