Ќерката на Меган и Хари, Лилибет за својот прв роденден доби торта украсена со розеви и бели божури, а неа беше испишано и нејзиното име.
Покрај украсите и гостите, роденденската торта привлече и големо внимание во јавноста. Имено, Хари и Меган за роденденската торта ја ангажирале Клер Птак, сопственичката на „Виолет Кејкс“ во Лондон, која ја подготвила и тортата за нивната венчавка одржана во мај 2019 година во Виндзор.
Она што многумина ги воодушеви е цената на оваа торта, со оглед на тоа што другите познати личности знаат да потрошат илјадници евра на своите роденденски торти. Имено, цената на двокатна торта е 244 фунти или околу 300 евра.
На веб-страницата на пекарата се објавени дел од состојките на колачот за кој со денови се зборува.
– Колачот се состои од три кори од ванила прелиени со соја сируп. Исто така, кората се полни со урда (вид младо сирење) и зашеќерена кора од лимон амалфи. Тортата е премачкана со путер од јагоди, посебно за Лилибет. Беше апсолутно задоволство да се направи оваа специјална торта минатата недела за роденденот на Лилибет. И посакувам среќна година – напишала сопственичката на пекарата.
Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари минатата сабота го прославија првиот роденден на својата ќерка Лилибет. По втор пат откако се роди девојчето, Меган и Хари решија да споделат фотографија од својата ќерка со остатокот од светот. Фотографијата од насмеаното девојче е направена на роденденски пикник што парот го организирал во Фрогмор Котиџ – куќа на теренот на замокот Виндзор. Гордите родители истакнаа дека биле исклучително трогнати од желбите што ги добиле за роденденот на нивното второ дете, кое го добило името во чест на кралицата Елизабета.