Хари Стајлс и Зои Кравиц се свршија: љубовта експлодираше по само осум месеци врска

Хари Стајлс и Зои Кравиц се свршија: љубовта експлодираше по само осум месеци врска

пред 11 часа

Поп-ѕвездата Хари Стајлс и актерката Зои Кравиц наводно се свршиле по само осум месеци врска, пренесуваат странските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до парот.

Според информациите, двојката ја споделила веста со најблискиот круг пријатели, а Кравиц веќе го покажувала свршеничкиот прстен, кој првпат го привлече вниманието на јавноста кога беше фотографирана во Лондон.

Љубовната приказна започна во август 2025 година, кога беа забележани заедно во Рим, а само неколку дена подоцна следеа и фотографии од нивни заеднички моменти во Лондон. Оттогаш, тие неколкупати беа видени заедно и во Њујорк, што дополнително ги засили гласините за сериозна врска.

Извори блиски до двојката велат дека имаат силна хемија и дека уживаат во едноставен, но стабилен заеднички живот, далеку од очите на јавноста.

Дополнително, Кравиц наводно планира да му се придружи на Стајлс на неговата претстојна светска турнеја, што уште повеќе укажува на сериозноста на нивната врска.

Интересно е што таткото на Зои, Лени Кравиц, веќе го запознал Стајлс и, според извори, оставил позитивен впечаток – го опишал како учтив, приземен и со добро чувство за хумор.

И двајцата зад себе имаат познати љубовни врски, но според блиските, оваа врска се издвојува по стабилноста и заемната посветеност.

Иако официјална потврда сè уште нема, нивната свршувачка веќе е една од најкоментираните теми во светот на шоу-бизнисот.

Share
Scroll to Top