Хармоникашот Војче Петрушев од групата „Маестро“ стана татко. Тој и неговата сопруга Моника ја добија ќерката Миа. Ова е прво дете на двојката, која се венча лани во февруари. Веста за раѓањето на бебето ја откри виолинистот Илија Филиповски, кој е долгогодишен пријател на Војче.
„Ни се роди девојче“, напиша тој.
Публиката го запозна Војче како еден од хармоникашите во оркестарот на Милан Завков. Тој со години свири и во популарната емисија „Зајди зајди“, а последните години е член на популарната група „Маестро“.