Хилари Клинтон едвај дише и тешко се движи, нарушено здравјето на поранешната Прва дама на САД

Хилари Клинтон едвај дише и тешко се движи, нарушено здравјето на поранешната Прва дама на САД

пред 3 години

Здравјето на поранешната прва дама на САД, Хилари Клинтон, е сериозно нарушено, пренесуваат светските медиуми. Таа во моментов минува низ тежок период, а како што пренесува магазинот Globe, сериозен проблем и предизвикуваат килограмите, пренесува Стори.хр.

„Хилари се здебели 44 килограми и се бори со дишењето, а има потешкотии и со движењето. Откако се повлече од јавноста, таа премногу се опушти и сега едвај дише и се движи. Токму килограмите би можеле да бидат кобни за нејзиното здравје“, изјавил извор близок до Хилари.

Дебелината може да доведе многу ризици од срцеви заболувања, мозочен удар, карцином, но и коронавирус, кој во светот хара веќе речиси една година, вели лекар, со кого контактирале од Globe.

Упатените во состојбата на Хилари, велат дека поранешната прва дама јаде премногу поради стресот на кој е изложена. Многумина се сомневаат дека таа пати од дегенеративна сотојба на коските, остеоартритис. Ова не е првпат да се коментира нејзиниот изглед.

Минатата година таа беше во центарот на внимание, поради нејзините наводни естетски операции.

„Хилари Клинтон изгледа фантастично, а помалите третмани низ годините, ги направија овие промени да изгледаат помалку драматично. Особено челото и е променето, што е веројатно резултат на вбризгување на ботокс.

Кај некој кој има 72. години, се очекува да се видат брчки на челото и околу очите. Можно е Хилари да се подложила и на блефаропластици, и да ја отстранила вишокот на кожа околу очите, биле некои од шпекулациите кои се ширеле за сопругата на Бил Клинтон.

Извор/Стори.хр

Share
Scroll to Top