Хитови за сите генерации: „Deep purple“ доаѓаат во Скопје

Хитови за сите генерации: „Deep purple“ доаѓаат во Скопје

пред 1 час

„Deep purple“ доаѓаат за последен пат во Скопје. Концертот е закажан за 11 октомври 2026 во арената „Борис Трајковски“.

„Задоволство ни е да споделиме дека еден од најважните проекти во наредниве 3 години во светската музичка индустрија, планетарната турнеја на Deep Purple доаѓа во Скопје на 11 октомври во Арена Борис Трајковски! Во неа, бендот за последен пат ќе го обиколи светот. Големо задоволство е што Скопје доби датум во склоп на таа турнеја, со концерт на 11 октомври 2026 во Арена Борис Трајковски! За Deep Purple, сè се знае!“, објавија од Авалон интернешнл букинг.

Милионски тиражи, големи албуми, илјадници концерти, хитови за сите генерации; сигурно еден од најголемите и највлијателни бендови на светот на сите времиња.

Скопје ќе има шанса за последен пат во живо да ги слушне: “Hush”, “Highway Star”, “Smoke on the Water”, “Lazy”, “When a Blind Man Cries”, “Black Night”, како и некои композиции кои Deep Purple долги години не ги свират во живо.

Влезниците ќе бидат во продажба од петок (21 ноември) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk.

Сите информации околу влезниците, нивните цени и категории ќе бидат објавени во среда во 20 часот.

Бендот на оваа турнеја ќе настапи со своја грандиозна продукција, звук, светло и видео – и во Скопје, како и низ целиот свет.

Share
Scroll to Top