Хокејски клуб ги отпушти навивачките поради љубоморните жени на хокеарите

Хокејски клуб ги отпушти навивачките поради љубоморните жени на хокеарите

пред 3 години

Рускиот хокеарски клуб АК Барс го отпушти навивачките на својот клуб „Барс Ејнџелс“, оти сакаат атмосферата на натпреварите да биде попријатна за семејствата.

Поранешната претседателка на „Барс Ејнџелс“, Ригина Бариева, која заминала пред клубот да ги отпушти навивачките, тврди дека жените на играчите биле љубоморни и вознемирени поради присуството на навивачките на натпреварите.

„Од клубот ни рекоа дека наводно жените не реагираат многу добро на убавите девојки. Затоа, клубот одлучи целосно да ги отпушти навивачките“, рече Бариева.

Девојките побарале од следбениците на Инстаграм да потпишат петиција што може да им помогне да се вратат на навивањето.

„Не сакаме да го напуштиме својот клуб. Сакаме хокеј и ги сакаме АК Барс. Ајде да ја поправиме моменталната ситуација заедно”, напишале тие.

Портпаролката на клубот за рускиот канал Матч ТВ, изјавила дека одлуката да се отпуштат навивачките не е од економски причини.

Share
Scroll to Top