Австралиската глумица и пејачка Холи Кенди, позната и како Холи Валанс би можела да стане новата газдарица на лондонскиот клуб Челзи, откако рускиот тајкун Роман Абрамовиќ беше протеран од Велика Британија.
Нејзиниот партнер Ник Кенди, познат британски милијардер е еден од малкумината кои би можел да плати 3.000.000.000 фунти, колку што бара Абрамовиќ за клубот. 49 годишниот Кенди е голем фан на Челзи, а целата кариера се занимава со недвижности.
Направил многу пари и од неговиот подкаст платформата Audiobum. Натпреварите на Челзи ги гледаше од свечената ложа заедно со неговата сопруга Холи. Холи е по потекло од Србија, а светската слава ја стекна во Австралија. Нејзиното моминско презиме е Вукадиновиќ, пишува „Мондо.рс“
Нејзиниот татко е Рајко Вукадиновиќ, поранешен манекен и пијанист од Белград. Во Австралија се преселил откако се венчал со Рејчел Стивенс, Британка со шпанско потекло.
Холи прво беше позната како глумица, откако со години беше дел од култната австралиска серија Neighbours, каде ја глумеше Фелисити Скали во повеќе од 330 епизоди. Имаше улога и во Prison Break-u и во сериите CSI Miami и CSI New York. Издаде и два музички албуми.
Таа наскоро би можела да стане новата газдарица на Челзи, доколку нејзиниот сопруг го убеди Роман Абрамовиќ да му го продаде клубот.





