Холокаустот нема никаква врска со расизмот, рече Вупи Голдберг, по што беше суспендирана од телевизијата Еј-би-си

Холокаустот нема никаква врска со расизмот, рече Вупи Голдберг, по што беше суспендирана од телевизијата Еј-би-си

пред 2 години

Американската глумица Вупи Голдберг била суспендирана во вторникот и таа нема да може да ја води емисијата The View, која се емитува на телевизијата Еј-би-си, во наредните две недели, затоа што тврдела дека холокаустот немал никаква врка со расизмот.

Ова го потврдила водителката од одделот за вести на телевизијата Еј-би-си, Ким Годвин.

Голдберг предизвика гнев и критики во јавноста кога двапати кажала дека холокаустот не бил заснован на расизмот. Таа првин тоа го рекла тоа во понеделникот во емисијата The Late Show, а потоа истото го потврдила во емисијата The View во вторникот утрото.

„Веднаш ја суспендирав на две недели поради нејзините погрешни и штетни коментари“, напишала Годвин на профилот на телевизискиот канал Еј-би-си за односи со јавност.

„Ја замолив да одвои малку време и да размисли и да разбере какво влијание може да има нејзината изјава во публиката. Сите вработени во Еј-би-си се солидарни со нашите еврејски колеги, пријатели, семејства и заедници“, рече Годвин.

На темата холокауст почнало да се зборува во емисијата по расправата за одлуката во едно училиште во Тенеси од наставната програма да се исфрли романот од 1986 година Maus: A Survivor’s Tale, во кој се зборува за нацистичките логори од Втората светска војна.

Во разговорот, Вупи, меѓу другото, рекла дека холокаустот нема врка со расизмот.

„Се работи за надмоќ на белците. Тие почнале злосторства над Евреите и Ромите“, рече нејзината колешка Ана Наваро, на што Голдберг рече дека се работи за две групи на белци.

Нејзиното мислење предизвика бес во јавноста.

„Вупи, твоето мислење е погрешно. Холокаустот е резултат на системското нацистичко уништување на еврејскиот народ. Нацистите сметале дека Евреите се инфериорна раса“, напиша Џонатан Гринблат, директорот на Еврејската организација за борба против омразата Anti-Defamation League, на „Твитер“.

„Антисемитизмот е отров што сѐ повеќе се оправдува во нашата култура, а со самото тоа и на телевизија“, рече Меган Мекејн, поранешна водителка на емисијата The Viewa.

Голдберг подоцна се извини за своите изјави за холокаустот и рече дека била погрешно разбрана.

„Во емисијата реков дека холокаустот не е заснован на расизмот, но всушност мислев дека станува збор за нечовечност кон човекот. Можеби требаше да кажам дека се работи за двете работи. Еврејскиот народ отсекогаш ја имал мојата поддршка и така и ќе остане. Жал ми е поради болката што им ја предизвикав“, рече Голдберг.

 

 

 

Share
Scroll to Top