Бик
За Биковите, ноември ќе биде особено среќен на полето на семејни односи. Тие ќе уживаат во семејната идила, а комуникацијата и дружењето со роднините и пријателите ќе им донесат многу задоволства, но и чувство дека животот им станува сè подобар.
Близнаци
За вас, ова ќе биде месецот на животот! Ќе остварите сè што ќе наумите, а особено ќе се подобри вашата финансиска состојба. Зафатените Близнаци ги очекува многу пријатен настан кој ќе ја подигне нивната врска на повисоко ниво, а слободните имаат големи шанси да ја запознаат сродната душа.
Стрелците ги очекува голема среќа во втората половина од ноември. Следува период на напредок – сè ќе ви оди од рака и секој труд ќе вроди со плод.
Јарец
Јарците ќе доживеат просперитет на љубовен план – сите врски што ќе ги започнат во наредниот период ќе бидат трајни и среќни.