Милијардерот Сергеј Брин го продава целиот свој удел во „Тесла“ откога дозна дека жена му го изневери со Илон Маск

Хороскоп за милијардери: во кои знаци се раѓаат најбогатите луѓе

пред 9 часа

Најбогатите луѓе во светот често припаѓаат на знакот Вага.

Најмалку милијардери, само осум, припаѓаат на знакот Јарец, но меѓу нив е и Џеф Безос.

Астрологијата вели дека распоредот на ѕвездите во моментот на раѓање ја одредува нашата судбина. Некои веруваат дека тоа е вистина, други пак, дека секој е креатор на својата среќа. Меѓутоа, хороскопските експерти утврдиле кои знаци се најбогати, односно во кој период од годината се родени најбогатите луѓе на светот. Тие ја погледнале листата на милијардери на Форбс и дошле до заклучок дека повеќето од нив припаѓаат на знакот – Вага.

Во хороскопот на милијардерите, дури 27 од најбогатите луѓе на денешницата се Ваги. Во таа група е и познатиот американски дизајнер Ралф Лорен.

Второто место им припаѓа на Рибите, а меѓу 22-те супербогати личности се најдоа бизнисмените Руперт Мардок и Бернард Арно, директор на групацијата LVMH.

Третото место го делат Лав, Рак и Бик со многу познати имиња како Илон Маск, Ричард Бренсон, Марк Цукерберг.  Најмалку милијардери, „само“ осум, припаѓаат на знакот Јарец. , но меѓу нив е и Џеф Безос .

Ким Кардашијан, чие богатство се проценува на 1,2 милијарди долари, на 21 октомври слави роденден, што значи дека припаѓа на знакот Вага. Ријана е побогата за двесте илјади долари. Таа е Риба. Музичкиот магнат Џеј Зи, кој има две ипол милијарди на сметката, е роден во знакот на Стрелец.

Share
Scroll to Top