Хороскоп за 30 декември: Водолијата е добро расположена, вагата ќе почне да си ги решава проблемите

Хороскоп за 16 јануари: флерт на работа за Стрелецот, Бикот да не избрзува со одлуки

пред 1 година

Овен
Денес ќе бидете многу потемпераментни отколку што сте обично. Ќе имате јасна претстава за тоа што сакате и ќе се борите со голема ревност да го постигнете тоа. Љубов: упорноста може да донесе спротивен ефект од она што го планирате или очекувате. Работа: не сте подготвени за ситуацијата што ве очекува. Здравје: респираторниот тракт ви е чувствителен.

Бик
Поддршката и мудрите совети на најблиските ќе ви значат повеќе од вообичаено и ќе направат да се чувствувате заштитено и сакано. Љубов: коплицирано е или го правите така. Размислете малку. Работа: не избрзувајте со одлуки во овој период. Здравје: ви го осцилира расположението.

Близнаци
Ќе имате впечаток дека постојано сте опкружени со луѓе, а нема да имате време да се фокусирате на сопствените мисли. Љубов: имате можност да ја поправите врската доколку во претходниот период сте направиле нешто што го повредило партнерот. Работа: отежнувачки околности. Здравје: болка во коските.

Рак
Ако ве мачи некој проблем од минатото, сега е вистинското време да се соочите со него. Можно е да имате проблеми во комуникацијата со вашите најблиски. Љубов: вашето внатрешно расположение ќе влијае на вашиот однос со партнерот. Работа: само бидете трпеливи. Здравје: бидете одговорни и кон себе и кон другите.

Лав
Доколку неодамна сте иницирале нешто ново, ќе имате можност да ги постигнете првите резултати, само немојте да бидете нетрпеливи и да расипете се. Љубов: промените доаѓаат кај вас кога станува збор за љубовта. Несогласувањата со партнерот ве прават нервозни, а вие не правите ништо. Работа: денес ќе имате можност да започнете со работа. Здравје: можни се проблеми со грбот.

Девица
Во принцип, пред вас е статичен ден и е прилично мирен, но некако не ви одговара. Љубов: ако барате искреност, бидете искрени самите. Работа: можно е флертување на работа, а тоа може да се претвори во нешто многу повеќе. Посебна претпазливост за оние кои се во брак. Здравје: болка во грбот.

Вага
Можеби треба малку да се опуштите и да дозволите работите да тргнат по својот тек. Понекогаш премногу се грижите и го уништувате вашето расположение. Љубов: можно е да сте згрешиле и партнерот да не покаже дека е подготвен да ви прости. Обидете се повеќе. Работа: можеби денес не е најдобриот ден за големи очекувања, но не се разочарувајте. Здравје: можни се проблеми со белите дробови.

Шкорпија
Пред вас е поволен ден во кој ќе можете да се посветите на вашите цели и приоритети и да не дозволите некој да ви го расипе. Љубов:личноста која ви се допаѓа ќе стане малку поинаква кон вас, а вие нема да ја знаете причината. Работа: подготвени сте да се справите со компликациите. Здравје: здравјето ве е солидно.

Стрелец
Можно е денес и основните обврски да ви бидат тешки, но тоа нема да го покажете пред другите. Љубов: многу зависи од вас и вашето однесување. Сè што ќе скриете може да се врати и да ве прогонува. Работа: имате впечаток дека некои работи тргнале во неочекуван правец. Здравје: пијте повеќе течности.

Јарец
Обидете се да не брзате во ништо сега, но правете сè полека и смирено за да бидете задоволни во иднина. Љубов: стабилност во бракот, посветеност на семејството. Слободните луѓе бараат нешто идеално. Работа: задржете се на важни одлуки. Здравје: можни проблеми со органите за варење.

Водолија
Не е важно дали се работи за храна, пијалок или уживање во нешто друго. Забавете малку бидејќи вашите апетити се навистина зголемени.Љубов: можеби во тебе проработил црвот на сомнежот, а немаш храброст да зборуваш. Работа: можеби некои работи изгледаат невозможни, но многу брзо ќе сфатите дека не е така. Здравје: внимавајте на исхраната.

Риби
Ако нешто не ви оди денес, не се нервирајте, а особено не ги обвинувајте најблиските луѓе за вашиот неуспех. Љубов: презаситеноста се појавила во подолгите врски, но таа е минлива. Не се грижи. Работа: на работа се чини дека сè ви е права линија, а тоа во моментов не ви оди во прилог, па станете и покажете дека се грижите. Здравје: чувствителни сте во секоја смисла.

Share
Scroll to Top