Дневен хороскоп за 10 август: Нова љубов за Рибите, притисоци на работа за Близнаците

Хороскоп за 17 август: слободните девици ќе запознаат интересна личност, овенот ќе го измачува минатото

пред 1 година

Овен
Немањето време за одмор и за некои работи што ги сакате си го зема својот данок. Обидете се да најдете време за себе. Љубов: минатото се активира на различни начини. Повици, пораки или преку пријател. Работа: шансите да заработите повеќе од вообичаено, дефинитивно постојат. Здравје: чувствителен стомак.

Бик
Контролирајте се кога станува збор за исхраната и пороците. Подобро на време да се откажете од лошите навики. Љубов: страстите ќе ги испеглаат сите несогласувања. Работа: сè што е тешко оставете го за друг ден. Здравје: подложни сте на инфекции.

Близнаци
Некои припадници на знакот се загрижени за плановите кои долго време ги прават. Нема потреба, можеби оди побавно, но оди. Љубов: хороскопот препорачува денешниот ден да го поминете во мир со партнерот. Разговорите и темите што ве мачат оставете ги за друг пат. Работа: не е совршено, но не е ни толку лошо. Не претерувајте. Здравје: претежно стабилно.

Рак
Некои од промените што се случуваат се пријатни за вашата душа. Некој ваш близок не е многу задоволен од ситуацијата, но не грижете се. Љубов: воопшто не ве интересираат емотивни понуди. Работа: денешниот предлог на астрологот е да не влегувате во расправија со колегите кои иницирале некаква промена на работното место. Здравје: проблеми со циркулацијата кај постарите лица.

Лав
Ве оптоваруваат некои ситници, а можеби со некои се и големи работи во прашање, но тоа секако е нешто што не е ваш лично живот, туку на личност која е некако поврзана со вас. Љубов: појавата на нова личност во вашиот живот целосно ќе ја наруши врската во која се наоѓате. Работа: не поднесувате авторитетни личности, но денешниот совет за вас е да ги смирите страстите. Здравје: одмор.

Девица
Се отвораат нови можности, но со нив и нови обврски и недостаток на слободно време, што воопшто не ви се допаѓа. Љубов: комбинации, тајни врски, шеговити… но само ако сте сингл. Зафатените луѓе не треба да си играат со оган. Работа: не губете го трпението со малите нешта. Здравје: можни се полесни повреди.

Вага
Доколку започнете деловни соработки и договори, тие ќе бидат постојани, но доста комплицирани. На вас е одлука за тоа што сакате, а што не сакате. Љубов: зголемена нервоза кон партнерот. Работа: секојдневно се оди без проблеми. Здравје: чувствителност.

Шкорпија
Комуникацијата не ви оди најдобро денес и тешко наоѓате заеднички јазик дури и со најблиските луѓе. Љубов: фокусот е некако на минатото и на грешките кои веќе не можат да се поправат. Работа: немојте да ги правите работите автоматски бидејќи тогаш не ги забележувате сите грешки што ги правите. Здравје: стабилно.

Стрелец
Обидете се да обрнете повеќе внимание на тоа како се однесувате со другите. Љубов: чудно се чувствувате во присуство на една личност, а тоа дури денеска го забележавте. Работа: се се врти во круг, нема решение на повидок. Здравје: метеоропатски поплаки.

Јарец
Денес ќе ви биде потешко да комуницирате со луѓето, лесно ќе комуницирате, но нема да најдете заеднички јазик. Љубов: ништо не е едноставно кога е љубовта во прашање. Работа: секојдневно имате многу обврски кои ве нервираат и ве прават нервозна личност. Здравје: проблем со спиењето.

Водолија
Бидете што повеќе во движење бидејќи денес е денот за тоа. Одлично време за започнување диета и поздрав живот. Љубов: нема да добиете ништо што не го давате. Ако дадеш љубов, љубовта ќе се врати, ако дадеш лош збор, таа ќе си го најде патот назад до тебе. Работа: на работа, фокусирајте се повеќе на она што е ваша одговорност отколку на она што некој друг го прави или не го прави. Здравје: можно е да се активираат некои стари проблеми, особено кај постарите лица.

Риби
Денеска насочете ја целата своја енергија да ја завршите целата работа што ви останала од претходните денови, па дури потоа размислете за одмор. Љубов: засилено поле на комуникација со личности кои на некој начин се поврзани со минатото. Работа: трошоците се малку повисоки, но не се причина за грижа. Здравје: сенес многумина ќе се чувствуваат уморни, но и нервозни.

Share
Scroll to Top