Хороскоп за 16 февруари: овенот да биде внимателен, бикот бара љубов

Хороскоп за 6 јуни: шкорпиите треба да бидат порешителни, јарецот има ден пол со предизвици

пред 11 месеци

Овен
Роднините или соработниците би можеле да бидат нерасположени и да ви го нарушат мирот овие денови. Обидете се да се дистанцирате колку што можете повеќе. Љубов: комуникацијата со пријателите или семејството нема да биде лесна. Ќе биде подобро со партнерот. Работа: Иимате тенденција да се сомневате во сопствените цели и амбиции. Здравје: добро.

Бик
Ова е идеален ден да се посветите на читање, учење. Не губете време мрзејќи или правејќи нешто сосема бескорисно. Љубов: ова е ден кога треба да го завршите она што сте го започнале. Работа: незадоволство од одредена работа и неможност да го постигнете она што сте го зацртале. Здравје: гадење.

Близнаци
Погледнете ги сите факти и дури потоа почнете да го правите она што сте го зацртале. Добриот план е половина од завршената работа. Љубов: не грижете се толку многу за чувствата на другите луѓе. Работа: односите со колегите денеска би можеле да бидат малку затегнати, а вие не попуштате. Здравје: главно добро.

Рак
Треба да бидете објективни и да не ги земате луѓето здраво за готово. Можеби некому верувате, но не го правите тоа безусловно. Љубов: не е ден за започнување сериозни теми. Работа: не грижете се толку многу бидејќи нема ништо што не можете да го поднесете. Здравје: дигестивни проблеми.

Лав
Зошто го трошите вашето драгоцено време на неискрени и подли луѓе?! Запрашајте се колку губите од другата страна. Љубов: прилично сте лути и емоциите имаат целосна контрола над вас. Се препорачува да не донесувате избрзани одлуки и потези. Работа: некој ја изгубил вашата доверба и сега не се чувствувате удобно во присуство на таа личност. Здравје: проблеми со забите.

Девица
Потребен ви е одмор, но прв кога можете да оставите се зад себе и да уживате во сето она што ве опушта и за кое ретко имате време. Љубов: доколку имате емотивен партнер, најдобро би било да одите некаде заедно. Работа: забележувате дека сè не е како што треба, но не можете ништо да промените во моментот. Некој друг ги диктира темпото и правилата. Здравје: проблеми со воспаление и алергии.

Вага
Ќе се чувствувате многу подобро ако разговарате со некој на кој му верувате. Можеби ќе добиете и совет во вредност од злато. Љубов: на љубовно поле не го добивате тоа што го сакате, но и не и давате премногу на другата страна. Работа: чувствувате дека некој ве користи за своја корист. Само вие знаете зошто го дозволувате тоа. Здравје: проблем со бубрезите.

Шкорпија
Како некој или нешто постојано да ве кочи. Никогаш не можете да го завршите она што го започнувате. Бидете малку порешителни и борете се за себе. Љубов: преодна напнатост. Ситни расправии за тотално неважни работи. Работа: соберете храброст и бидете решени да кажете што е тоа што нема. Не земајте ја работата на другите луѓе на себе. Здравје: мрзливи сте.

Стрелец
Ви треба малку простор за нови луѓе, нови настани, со цел конечно да го оставите минатото зад себе. Љубов: денес препуштете се на себе, а не на каприците на партнерот. Работа: овој ден е исклучително погоден за нови знаења и напредок на полето на работата. Здравје: благо гадење.

Јарец
Пред вас е ден полн со предизвици, но многу зависи од вас дали ќе ги прифатите или само ќе гледате од страна. Љубов: оние кои се со отворен ум би можеле да му дадат шанса на некој нов денес. Работа: не осудувајте на почетокот, оставете некои работи да се случат или барем да почнат да се развиваат, па дури потоа проценете. Здравје: исцрпени сте.

Водолија
Припадниците на овој знак кои поради некои обврски може да се чувствуваат нервозни, па дури и лути што не можат да бидат на друго место или да направат нешто друго. Љубов: емотивниот партнер навистина не разбира некои работи што ги правите или кажувате. Работа: вие не сте во позиција да инсистирате дека сте во право. Здравје: претежно стабилно.

Риби
Плановите што ги правите денес треба да ги спроведете во блиска иднина, а не да го чекате „вистинскиот момент“ затоа што е токму сега. Љубов: ги криете негативните емоции, но денес тие можат да испливаат на површина и да направат хаос. Работа: оние кои очекуваат покана од странство и позитивен одговор може да бидат малку разочарани. Здравје: проблеми со коските.

Share
Scroll to Top