Хрватите посветија текст за Вевчани како туристичка атракција: Балканска република која кратко живееше по распаѓањето на Југославија

Хрватите посветија текст за Вевчани како туристичка атракција: Балканска република која кратко живееше по распаѓањето на Југославија

пред 2 години

Хрватски веб-портал во категоријата патување ја сместува Македонија. „Имаат своја валута и знаме: Балканската република која кратко живееше по распаѓањето на Југославија“, со ваков наслов Хрватите посветија текст за туристичката атракција во нашата земја, Вевчани.

„Кога некому ја објаснуваме за Југославија, обично велиме дека таа била земја составена од 6 земји: Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија. Малкумина знаат за уште една република која заживеа по распадот на СФРЈ, иако официјално веќе не постои – живее како туристичка атракција, но и во срцата на нејзините жители. Станува збор за т.н. Република Вевчани во Македонија“, пишува во текстот посветен на Вевчани.

За Вевчани се знае дека има водопади, но го имаат и традиционалниот Вевчански карневал надалеку познат: Па и токму поради тоа општина Вевчани се смета за туристичка атракција, но има нешто и во историјата на настанување на ова село.

„Оваа Република е всушност мала населба крај Охридското Езеро со нешто помалку од 4 илјади жители. Имаат сè: знаме, претседател, пасош, па дури и своја валута. Желбата за отцепување ја изразија уште во 1987 година, кога изби конфликт за пренасочување на изворите на вода, т.е. водоснабдување на соседното место. Потоа имаше големи демонстрации и протести против репресијата во СФРЈ. Македонската влада тогаш не обрнуваше многу внимание на нив. Затоа вевчанци изразија желба за отцепување. Кога Југославија се распадна и Македонија стана независна држава во 1991 година, жителите на Вевчани организираа референдум на кој 99% од нив гласаа за создавање на своја држава. Нивната република не траеше долго, само две години“, стои во описот за Вевчани.

Вевчани и денес важи за република но во виртуелна форма, со пасош што го поседуваат вевчанци.

 

 

Share
Scroll to Top