Хрватската публика ги пееше во еден глас песните на Дина Јашари на концерт на „Елементал“

Хрватската публика ги пееше во еден глас песните на Дина Јашари на концерт на „Елементал“

пред 1 година

Македонската кантавторка Дина Јашари и Другари настапија како кавер артисти на концертот на хрватскиот хип-хоп состав „Елементал“. Бендот со голем концерт ја одбележа 25-годишнината од нивното постоење.

Дина Јашари со нејзината песна „Дома“ го освои Балканот. Со оваа песна таа минатата година беше добитник на наградата „Милан Младеновиќ“.

Хрватските медиуми, пишуваат за младата и талентирана Македонка која ја освојува публиката во регионот.


„Со својот нежен, сладок и милозвучен глас со сонливи хармонии и ритмички мелодии на сон поп со елементи на трип хоп и соул спакувани во неодолива изведба и енергија со розови срца на видео ѕидот“, стои во описот за Јашари, како импресии од нејзиниот настап на концертот на „Елементал“.

На видеата кои Јашари ги сподели на социјалните мрежи, публиката во Хрватска на цел глас пее на македонски „Мојот дом е таму каде што ќе посакам“.

Јашари ја најави и летната агенда за нејзините настапи соло и со нејзиниот бенд во регионот. А она што ја очекува следниот месец е настап на најголемиот алтернативен концерт на Балканот и пошироко „Егзит“ во Нови Сад.

Share
Scroll to Top