Хрвоје Хорват за нов ракометен селектор на Хрватска

Хрвоје Хорват за нов ракометен селектор на Хрватска

пред 3 години

Хрватскиот ракометен сојуз го назначи Хрвоје Хорват за нов селектор на репрезентацијата, откако Лино Червар си поднесе оставка во текот на Светското првенство. Уште по поразот од Аргентина, Червар кажа дека поднесува оставка и дека по крајот на Светското првенство веќе нема да биде селектор на репрезентацијата.

Управниот одбор на ХРС ја прифати неговата оставка и веднаш најде замена, па го назначи Хрвоје Хорват за нов селектор. Тој претходно му беше помошник на Червар.

„Среќен сум, му благодарам на УО на ХРС за укажаната доверба. Низ сите години што работев со Червар собрав големо искуство и знаење кое ќе ми користи за успешно водење на селекцијата. Знам дека одговорноста е голема, но верувам дека ќе одговорам успешно на предизвикот да ја водам Хрватска“, изјави Хорват.

Share
Scroll to Top