Хурем Султан: Имам ставено ботокс и четири пати ја зголемив устата

Хурем Султан: Имам ставено ботокс и четири пати ја зголемив устата

пред 7 месеци

Турската актерка Мерјем Узерли (40) се прослави со улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, која стана хит во многу земји. Во тоа време таа беше позната по нејзината природна убавина, но со текот на годините Мерием правеше естетски зафати.

Актерката и претходно призна дека инјектирала ботокс, четири пати ги зголемила усните и ги подигнала јаболчниците. Деновиве се појави на гала вечера во Франција, а позираше во светло син фустан со спуштени рамена.

Инаку, Мерјем летово одмараше во Дубровник, а со тоа се пофали на социјалните мрежи. Повод за нејзиното доаѓање била роденденската прослава на нејзиниот драг пријател и бизнисмен Мехмет Корутурк, а на своите следбеници на Инстаграм им покажала како се забавуваат.

Да потсетиме, поминаа 12 години од снимањето на „Сулејман Величествениот“, а Мерјем не остана долго во серијата поради приватни психички проблеми.

Ја раскина свршувачката со Брокер Кан Атес, а денес живее сама со двете ќерки Лара (8) и Лили Кои (2) и често на Инстаграм споделува настани од приватниот живот.

Share
Scroll to Top