„Хјундаи“ и „Киа“ ги прекинаа разговорите со „Ејпл“ за автономен автомобил

„Хјундаи“ и „Киа“ ги прекинаа разговорите со „Ејпл“ за автономен автомобил

пред 3 години

„Хјундаи“ и „Киа“ објавија дека ги прекинале разговорите со „Ејпл“ за составување автономен автомобил

Како резултат, акциите на „Хјундаи“ забележаа пад за 6,2 проценти, додека акциите на „Киа“ за дури 15%. Така, за еден ден беа избришани неверојатни 8,5 милијарди долари пазарна капитализација на двата корејски гиганти.

 

Ова сценарио не е изненадување. Од пред неколку дена е познато дека во рамките на „Хјундаи“ има сериозни резерви по темата за можен договор со „Ејпл“ Оваа компанија и претходно не сакаше да соработува со други, кои не се дел од холдингот, а како аргумент за тоа се наведува сегашното високо ниво на вертикална интеграција во концернот. Толку е голем што „Хјундаи“  дури поседува фабрики за производство на челик кој се користи за склопување на возилата.

Reuters во декември објави дека „Ејпл“ напредува со технологијата за автономни автомобили и планира да произведе патничко возило кое би можело да вклучи своја сопствена технологија за батерии уште во 2024 година.

„Ејпл“ за кој е познато дека ги чува во тајност плановите на производи, никогаш не ги призна разговорите со производителот на автомобили за производство на возила и не беше достапен за коментар.

Share
Scroll to Top