Целовечерен стендап со Сашко Коцев во Крива Паланка

Целовечерен стендап со Сашко Коцев во Крива Паланка

пред 6 месеци

Сашко Коцев ќе гостува со својот стендап „Широк дијафазон“ во НУ Центар за култура Крива Паланка, на 7 јуни (петок), со почеток во 20,00 часот.

Со својот препознатлив хумор во целовчерниот настап Сашко Коцев ќе се осврне на машко-женските односи, аномалиите во општеството, забавните ситуации од секојдневието и на многу теми од животот, опкружувањето…

Цената на влезницата чини 300 денари, а средствата се наменети за фондот од кампањата „Концертен клавир за Крива Паланка-Градот на културата“.

Стендап настапот на Сашко Коцев е дел од програмата на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата за 2024“.

Share
Scroll to Top