Цеца ко холивудска ѕвезда дојде во „Гранд“ , почна снимањето на популарното шоу

Цеца ко холивудска ѕвезда дојде во „Гранд“ , почна снимањето на популарното шоу

пред 3 години

Почна снимањето на новата сезона на шоуто  „Ѕвездите на Гранд“. Жирито е во изменет состав, па така Цеца Ражнатовиќ е нов член на популарниот натпревар на местото на Јелна Карлуша.

Вчера Цеца таа дојде да го сними првото шоу од новата сезона, и го зазеде своето место во жирито меѓу  Ѓорѓе Давид и Марија Шерифовиќ, онаму каде седеше нејзината вечна ривалка .

Што се однесува до правилата за оваа сезона, тие останаа исти. Кандидатите ќе пеат во првиот круг, а жирито нема да може да ги види. На крајот, ѕидот што ги дели ќе се отвори и натпреварувачите ќе можат да видат дали некој од членовите на жирито гласал за нив. И ако некој од жирито тогаш потврди дека сака да биде ментор на натпреварувачот, кандидатот има право да избере во чија група ќе биде.

 

Оваа година продукцијата се потруди сценографијата да биде малку поинаква.

Цеца Ражнатовиќ, на задоволство на многумина, е засилување на популарниот музички натпревар во новата сезона, додека останатите членови на жирито се непроменети, Ана Бекута, Вики Миjковиќ, Марија Шерифовиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид ќе ги оценуваат кандидатите.

 

Share
Scroll to Top