Цимерите на Епштајн тврдат дека тој бил малтретиран од другите затвореници

Цимерите на Епштајн тврдат дека тој бил малтретиран од другите затвореници

пред 3 години

Милијардерт Џефри Епштајн бил малтретиран од другите затвореници и стражари, во затворот каде го чекал неговото судење, сведочат некои од луѓето со кои тој ја делел ќелијата.

Како што пренесува „Њујорк Дејли њуз“, Епштај не го издржал притисокот и злоставувањата и дека затоа се самоубил.

„Пред да се убие, Епштајн го почувствува пеколот“, пишува „Њујорк Дејли њуз“, кои направил интервјуа со неколку затвореници од казнениот поправен центар „Метрополитан“, каде Епшајн го чекал судењето.

„Говореше дека ќе се убие. Велеше дека му е сеедно. Велеше дека имало некои моќни луѓе кои сакаат да го видат мртов“, изјавил еден од затворениците, кој не сакал да го открие името.

Анџелика Лопез е внука на Ефраин Рејес, кој му бил цимер на Епштајн. Таа изјавила дека нејзиниот вујко раговарал со Епштајн. Анџелик вели дека милијардерот бил многу депресивен.

„Не прави ништо додека сум јас со тебе во ќелијата“, му кажал вујко ми на Епштајн, додека ја делеле заедно ќелијата.

Според неа, затворските службеинци не му дозволувале на Епштајн да го користи креветот и го терале да спие на подот. Тој бил на мета на другите затвореници поради неговите пари.

Некои му се заканувале, а други му изнудувале пари за криумчарење на некои работи кои тој ги побарал во затворот. Некои и го измамиле и му земале 4000 долари.

„Се обидуваат да ви продадат сè, од телефони, преку електроника, подобра ќелија“, изјавил неименуван затвореник.

Некои од нив му потурнувале белешки под вратата, со порака и закани дека ќе го убијат затоа што бил педофил. Иако Епштајн бил при крај со нервите, Рејес се сомнева дека тој се самоубил.

„Мојот вујко постојано зборуваше дека креветите на спрат не се доволно високи за да може човек да се обеси“, изјавила Анџелика.

 

Share
Scroll to Top