Хидратацијата е многу важна и за кожата и за телото. За да може метаболизмот да работи добро, потребно е да се внесат најмалку два литра вода на ден.
Водата е добар избор за хидратација на телото, но има пијалок кој има уште поповолно дејство врз слабеењето.
Нутриционистите потврдија дека зелениот чај е многу моќен пијалок. Тој може да го забрза метаболизмот и да помогне во разградување на масните наслаги. Зелениот чај е полн со полифеноли и епигалокатехин-3-галат, што е моќен антиоксиданс, а истражувањата докажаа дека има корисен ефект врз забрзувањето на метаболизмот.
Една студија објавена во истражување за медицински науки објави поврзаност помеѓу потрошувачката на зелен чај и намалувањето на индексот на телесна маса. Покрај тоа, зелениот чај содржи кофеин, кој може да помогне во мобилизирање на слободни масни киселини.
Ако го пиете овој чај пред тренинг, ќе имате многу повеќе енергија, па ќе можете да правите повеќе вежби, а тоа доведува до поголема потрошувачка на калории. Исто така, зелениот чај може да помогне во намалувањето на лошиот ЛДЛ холестерол, според една студија објавена во Nutrition Journal.