Чекаме Кристијано да излезе за да можеме добро да се најадеме: Георгина за животот со Роналдо

Чекаме Кристијано да излезе за да можеме добро да се најадеме: Георгина за животот со Роналдо

пред 4 години

Свршеницата на Кристијано Роналдо, манекенката Георгина Родригез, во интервју за англиски „Сан“ првпат раскажа детали за нејзиниот живот со фудбалерот, но зборуваше и за децата и за кариерата. Таа откри дека сака кога Кристијано не е дома, затоа што тогаш со децата можат да јадат пуканки, пица и сето тоа што им е забрането кога тој е дома, бидејќи Роналдо е поборник на здрав режим на исхрана.

„Кога го нема него, си дозволуваме некои работи што тој не сака да ги јаде. Понекогаш и Кристијано ќе касне пица, но само еднаш неделно. Потоа прави многу стомачни вежби. Кога него го нема, сите може да се најадеме како луѓе. Понекогаш одвај чекаме да излезе од дома“ вели Георгина во интервјуто.

Роналдо и во јавноста е познат како голем поборник на здравите навики, кога се работи за исхраната, вежбањето и рехабилитацијата. Поради тоа на 35 години тој е одлично физички подготвен.

„Ќе видиме дали и мојот син ќе стане голем фудбалер. Понекогаш пие кока кола и јаде чипс што многу ме нервира. Му кажувам некогаш по трчањето да влезе во ладна вода за подобро да се опорави, ама не ме слуша, тера по свое, а и Георгина ги разгалува со нездрава храна“ рече неодамна во интервју фудбалерот на „Јувентус“.

Share
Scroll to Top