Челзи вторпат го избрка Лампард, прво како играч, сега како тренер

Челзи вторпат го избрка Лампард, прво како играч, сега како тренер

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Челзи вторпат му даде отказ на тренерот Френк Лампард, шест години откако го избрка како играч од својот клуб. Лампард си оди од екипата која во моментов е на деветтото место во Премиер лигата, а доби отказ заради петте порази во последните осум натпревари.

Ова е вторпат Челзи да ја брка својата фудбалска легенда, откако тој како играч се пресели во Њујорк во 2014 година, но прво одигра една сезона за Манчестер сити. Лампард се врати во клубот како тренер во јули 2019 и во првата сезона стигна до четвртото место во првенството и до финалето на ФА купот.

„Ова беше тешка одлука. Никогаш не е добро време да се разделите од клупска легенда како Френк, но заклучивме дека ни треба промена“, соопшти раководството на клубот.

Share
Scroll to Top