Трансферот на белгискиот фудбалер на Интер, Ромелау Лукаку во Челзи е пред самиот крај. Последните вести од островот говорат дека тимот на рускиот милионер Роман Абрамовиќ е подготвен да плати за Лукаку 130 милиони евра.
Интер прво ја одби понудата од 100 милиони евра, но тимот од Стенфорд Бриџ испрати нова понуда, која, како што пишуваат медиумите од Апенинскиот полуостров, „нероаѕурите“ е многу веројатно да ја прифатат.
Лукаку веќе ја прифатил понудата од челниците на Челзи, откако тие му понудиле и двојно поголема плата од онаа која напаѓачот ја добива во Италија. Според некои од информациите, тие се подготвени да издвојат за него 15 милиони евра по сезона.
Двата клуба ги договараат последните детали, а Интер ќе добие 120 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси.