Четиригодишно момче тајно нарачало 46.800 сладоледи со ликот на Сунѓерот Боб

Четиригодишно момче тајно нарачало 46.800 сладоледи со ликот на Сунѓерот Боб

пред 3 години

Четиригодишниот Ноа Брајант од Њујорк направил голема сметка на родителите, откако тајно нарачал водени сладоледи со ликот цртаниот филм, Сунѓерот Боб. Неговата порачка чинела 2618 долари. Тој купил 51 пакување во кое имало по 918 сладоледи, односно 46,818 парчиња.

Како адреса за испорака ја оставил адресата на неговата тетка. Од „Амазон“, кој ја добил порачката, рекле дека нема да ги вратат сладоледите назад, и дека родителите на момчето мора да ја платат сметката. Од компанијата подоцна откриле дека се во контакт со семејството Брајант и дека сладоледите ќе ги донираат во локалната хуманитарна организација.

Во меѓувреме на сајтот GoFundMeбиле собрани 11.000 долари за помош на момчето и неговото семејство.

Семејството истакнало дека собраните пари ќе ги насочат кон образованието на Ноа кој има АСД.

Share
Scroll to Top