Чистење на кујната – трикови од состојки кои ги имате дома

Чистење на кујната – трикови од состојки кои ги имате дома

пред 4 години

На прагот ни е пролетта, па сигурно во наредниот период ќе следи и кај вас подетално чистење на станот или куќата. Токму затоа за вас подготвивме неколку „направи сама“ трикови кои и тоа како можат да ви послужат при пролетната генералка и тоа во кујната!

Чистење на микробрановата: Во сад со вода додадете кришки исечен лимон, па ставете го на најголема температура во микробрановата на 10 минути. Кондензираната пареа од зовриената вода со лимон ќе ги раствори остатоците од маснотијата и нечистотијата.

Чистење бигор во апаратот за кафе: Резервоарот за вода наполнете го со раствор од вода и оцет во размер 2:1, па пропуштете неколку пати низ апаратот како кога правите кафе. После тоа истиот процес повторете го со чиста вода.

Фуги: Помешајте сода бикарбона и вода во размер така што ќе добиете паста. Со помош на четка или стара четкичка за заби исчистете ги фугите.

Трлање на славината: Доста едноставно, доволно ви е само половина лимон, со кој директно ќе ја исчистите славината. После тоа само исперете со вода, и истријте со крпа.

Трлање на индукционата плоча: Доколку имате индукциона плоча, можете да искористите малку пена за бричење, како би ги исчистиле трагите од готвење, а потоа истријте убаво.

Share
Scroll to Top