Состојки
За пандишпан:
- 5 јајца
- 5 лажици шекер
- 3 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 1 пециво
За фил
- 300 мл млеко
- 4 лажици брашно
- 2 јајца
- 100 гр чоколадо за готвење
- 100 гр карамел
- 70 гр путер
- 1 ванила
Подготовка на пандишпан:
Јајцата се матат со шекерот, се додава брашното, какаото и пецивото. Се промешува со лажица и се истура во калап со форма на срце. Се пече во загреана рерна на температура 200 степени.
Се остава да се олади.
Подготовка на фил:
Млекото се става да зоврие.
Јајцата се матат со шекерот и брашното, и се додава ванилата. Во смесата со јајца се истура пола од зовриеното млеко и се промешува. Се истура останатото млеко и се става на тивко да загусне. Се покрива со фолија и се остава да се олади. Изладениот фил се мати со путер.
Пандишпанот се сече на три кори. Се филува пандишпан, па карамел фил, па пандишпан, па карамел фил, и на крај се покрива со пандишпан. Торта се става во фрижидер да се стегне.
Готовата торта се премачкува со останатиот фил и се украсува по желба.