Шакира до Клара Чиа: Во пеколот, има место резервирано за жени кои нѐ поддржуваат други жени

Шакира до Клара Чиа: Во пеколот, има место резервирано за жени кои нѐ поддржуваат други жени

пред 1 година

Колумбиската пејачка Шакира првпат во интервју зборува за разделбата од нејзиниот партнер, фудбалерот Џерар Пике и вели дека успеала да почувствува дека си е доволна самата себе, нешто за што никогаш не мислела дека може да и се случи.

Пејачка вели дека кога жената е нападната, таа излегува уште посилна.

„Ги запознав своите слабости, ја прифатив ранливоста и научив како да изразам болка. Велат дека тоа е спротивно на депресијата – изразувањето“, раскажала Шакира.

Таа во интервјуто вели дека многу е важна поддршката која си ја даваат жените една на друга. Со ова таа испрати порака до новата девојка на Пике, Клара Чија и ја цитирала државната секретарка на САД, Меделен Олбрајт.

„Во пеколот, има место резервирано за жени кои не поддржуваат други жени“, рекла пејачката.

Разделбата со Пике ја натерала да стане посамоуверена и да се бори за нејзините две деца, Мила и Саша.

„Верував во таа приказна дека на жената ѝ треба маж за да се чувствува комплетно. Исто така сонував за семејство каде децата ќе имаат мајка и татко под истиот покрив. Сфатив дека не е можно да ги постигнеш сите соништа во животот, но животот има посебен начин да те компензира и сметам дека тоа секако сум го добила со прекрасните две деца што ме исполнуваат со љубов секој ден“, раскажала Шакира во интервјуто.

Поранешниот партнер на пејачката, минатиот месец првпат објави заедничка фотографија на Инстаграм со неговата девојка Клара Чиа.

Share
Scroll to Top