Шакира во најновото интервју за мексиканска телевизија, рече дека синот ѝ давал идеи за песните кои му ги посвети на бившиот Џерард Пике. Во јанаури ја објави BZRP Music Session#53 во која го исмеа поранешниот фудблер на Барселона. Рече дека тоа била големо олеснување за неа.
„Влегов во студио во едно поинакво расположение, а излегов во сосема друго. Тоа беше одлично растеретување за мене. Се опоравив. Не верувам дека денес би била тука кај што сум, без песните“, објасни Шакира.
Идејата да соработува со аргентинскиот продуцент Бизарп, ја добила од нејзиниот десетгодишен син Милан.
„Ми рече дека морам да снимам нешто со него затоа што бил аргентински бог“, рече Шакира.