Колумбиската пејачка Шакира го откажа настапот на отворањето на Светското првенство во фудбал, два дена пред почетокот на Мундијалот. Според шпанскиот весник „Марка” Шакира решила да го откаже настапот во Катар поради прашањето за човековите права.
Претходно и Дуа Липа и Род Стјуарт одбија да бидат дел од свеченото отворање, а како причина го наведоа фактот дека земјата не ги исполнила ветувањата за почитување на човековите права, пред сè хомосексуалноста..
Шакира е автор на песната Waka Waka, која стана официјална химна на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010 година. Таа во 2006 година пееше на СП во Германија и 2014 година на Мундијалот во Бразил.
Светското првенство во 2022 година ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември.