Лени Кравиц освен што е одличен музичар е и модна икона со посебен стил. Тој диктира трендови во модата уште од 1989 година кога го промовираше својот деби албум Let Love Rule. Потоа стана и рок икона.
Иако е претпознатлив по стилот и добрата музика, за многумина тој денес е и таткото на глумицата Зое Кравиц. Од 2012 година особено впечатлив е и неговиот заштитен знак, аксесоарот од кој не се двои во студените зимски денови. Уникатниот шал налик на ќебе кој и денес е во мода.