Шарени новогодишни колачи - Reporter.mk

Шарени новогодишни колачи – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

150 гр. брашно
50 гр. путер
1 јајце
50 гр. шеќер
рендана кора од 1 лимон
1 кеса прашок за пециво

За декорација:

1 белка од јајце
1 лажичка сок од лимон
125 гр шеќер во прав
прехрамбена боја

Начин на подготовка:

На работната маса го истурате брашното и со рацете направете мала дупка за да ги истурите путерот и јајцето. Одозгора изрендајте кора од еден лимон. Додека го месите тестото, додадете една кесичка прашок за пециво. Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 1 час. Потоа расукајте го со сукало и со калапи во разни форми направете мали колачи. Печете ги 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Откако ќе се испечат, декорирајте ги.

Во сад за матење ставете една белка од јајце и додадете сок од лимон. Мешајте со миксер и постепено додавајте го шеќерот во прав. Смесата поделете ја еднакво во три различни садови. Во секој од нив додадете различна прехрамбена боја. Почнете да ги декорирате колачите. Сместата можете да ја ставите во специјални шприцови, но можете и да ја ставите и во кеса за замрзнување и многу малку да го исечете врвот од кесата. Користете чепкалка за заби за еднакво да ја распоредете бојата. Украсувајте по желба.

Share
Scroll to Top