Шарлиз Терон сака да глуми во лезбиска верзија на „Умри машки“

Шарлиз Терон сака да глуми во лезбиска верзија на „Умри машки“

пред 3 години

Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон, сака да ја игра главната улога во лезбиска верзија на култниот филм „Умри машки“, во која жена ќе тргне во поход да си ја спаси сопругата. Според ЛГБТК заедницата Шарлиз би била идеална за таа улога, а и глумицата на „Твитер“ откри дека би сакала да игра во овој филм.

„Лезбиски божикни романтични комедии се океј, ама она што навистина сакам да го видам е ‘Умри машки’ кој Шарлиз Терон ќе откачи и ќе тргне во поход да си ја спаси сопругата“, напиша една твитерџика.

Терон го ретвитна ова, со коментар: „Каде да се пријавам а улогата?“.

ЛГБТК заедницата ја обожава Терон, а актерката е гласен поддржувач на нивните права. Таа лани кажа дека едната од нејзините ќерки, Џексон, се идентификува како трансродово лице.

Инаку, твитерџиите гласаа дека многу би сакале Тилда Свинтон да игра покрај Терон во ваквиот филм.

Првиот од филмовите „Умри машки“ излезе во 1988 година и во него, њујоршкиот детектив Џон Меклејн (Брус Вилис) ја спасува сопругата со која не се во најдобри односи, од терористичка закана во Лос Анџелес.

 

 

 

Share
Scroll to Top