Швајцарците ќе закопаат 2.000 пара бели гаќи во земја заради научен експеримент вата

Швајцарците ќе закопаат 2.000 пара бели гаќи во земја заради научен експеримент

пред 3 години

Земјоделци, фармери и сопственици на градини ќе закопаат 2.000 пара бели гаќи низ Швајцарија за да помогнат истражување за квалитетот на почвата.

Државниот истражувачки институт „Агроскоп“ испраќа по два пара памучни гаќи на секој учесник во истражувањето, кои само треба да ги закопа во земја. Гаќите потоа ќе се испитуваат за да се утврди колку текстилот бил разграден од ситни организими.

„Тоа е индикатор за квалитетот на почвата“, изјави лидерот на проектот, Марцел фан дер Хајден.

Според него, една од целите на студијата е да се увиди на кој начин на почвата влијае ерозијата, прекумерната употреба на ѓубриво и градбата.  Еден пар ќе се ископа после еден месец, а другиот после два. Распаѓањето на природните влакна ќе се анализира дигитално, па колку повеќе дупки, толку поздрава почва.

Хејден за новинската агенција ДПА открил дека слични експерименти биле спроведени во Канада, но ова ќе биде прв таков проект во толку голем обем. Претходно, за проучување на квалитетот на почвата, во земјата вообичаено се закопувале кесички чај.

Волонтерите кои се јавиле на повикот на Институтот паралелно во земјата ќе закопаат и стандардизирани чајни кесички за да се направи споредба со новиот метод во кој се користат памучни гаќи.

Експертите од Институтот напоменуваат дека секоја година во светот во целост се уништува подрачје кое е два и пол пати поголемо од цела Швајцарија. Поради неплодноста на таа локација.

Share
Scroll to Top