Шведскиот принц и принцеза заразени со корона

Шведскиот принц и принцеза заразени со корона

пред 3 години

Шведскиот принц Карл Филип и неговата сопруга, принцезата Софија се позитивни на ковид 19, соопштија од шведското кралско семејство.

Тие се чувствуваат добро, е наведено во соопштението и се додава дека, во текот на денот ќе бидат тестирани и кралот Карл XIV Густаф, кралицата Силвија, постарата сестра на принцот и престолонаследничката Викторија и нејзиниот сопруг принцот Данијел, пренесува „Ројтерс“.

Принцот Карл Филип е четврт во редот за шведскиот трон.

Share
Scroll to Top