Шведски економисти ја обвинија Бијонсе заради инфлација во земјата

Шведски економисти ја обвинија Бијонсе заради инфлација во земјата

пред 1 година

Десетици илјади обожаватели се собраа во Стокхолм во средината на мај за да присуствуваат на двата концерта на Бијонсе со кои ја започна првата соло турнеја по седум години. Економистите сугерираат дека таа е виновна за зголемувањето на инфлацијата во Шведска, пишува The Guardian.

Нивните цени се зголемија за 9,7 отсто во мај на годишна основа, што е намалување од 10,5 отсто во април, па инфлацијата падна под 10 отсто за прв пат по повеќе од шест месеци.

„Континуираното намалување на цените на струјата и храната придонесе за пониска стапка на инфлација во мај“, рече Микаел Нордин, статистичар од Заводот за статистика во Шведска.

Истовремено се зголемија и трошоците за одредени стоки и услуги, како на пример хотелите, рестораните, рекреативни услуги и облеката, велат од Заводот.

Според Мајкл Гран, главниот економист за Шведска, посетата на пејачката Бијонсе на Стокхолм е причина за ова неочекувано зголемување.

„Светската турнеја на Бијонсе која започна во Шведска изгледа влијаеше на мајската инфлација“, рече Гран и додаде дека нејзиниот концерт е одговорен за зголемување на цените во хотелите и рестораните.

За потсетување, инфлацијата во земјата го достигна врвот во декември на 12,3 отсто, а потоа благо забави во јануари, паѓајќи на 11,7 отсто, но неочекувано се врати на 12 отсто во февруари. Како и оние во САД и Европа, така и шведската централна банка постојано се обидуваше да ја спречи инфлацијата.

Share
Scroll to Top