Шејлин Вудлу открива дека имала лош секс

Шејлин Вудлу открива дека имала лош секс

пред 3 години

Холивудската актерка Шејлин Вудлу вели дека клучот за добар секс е комуникацијата помеѓу партнерите.

29-годишната актерка откри дека имала лош секс „повеќе од еднаш“ во животот и додава дека најдобриот совет кога станува збор за ревитализација на сексуаленoт живот е да биде „искрена и транспарентна“ со партнерот. Во колумната „Ask Her“ (Прашај ја неа) за машката веб-страница „Лeo“, еден од читателите праша: „Ако сексот не е одличен, а врската цвета, дали ќе прекинете или ќе работите на тоа?“ Шајлин одговори: „Јас сум била во таква ситуација. И да бидам искрена, тоа се случи повеќе од еднаш во мојот живот.“

 

„Сè што можам да кажам од моја перспектива како жена што знае што сака и не се плаши да го каже тоа е дека искреноста и транспарентноста се сè. Ако не се чувствувате безбедни во комуникацијата со партнерот, тогаш големи се шансите дека можеби никогаш нема да можете да негувате вистински сврзувачки сексуален живот. Ако се чувствувате безбедно, зборувајте за вашите потреби. Без разлика дали тие се исполнети или не. Прашајте го партнерот за неговите потреби“.

Sвездата на „Големи мали лаги“ рече дека изнаоѓање добра рамнотежа во врската може да одземе доста време, додавајќи дека повеќето луѓе немаат одличен секс сè додека не станат „вистински интимни“ едни со други.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top